Темна и облачна во безизразен молк
Држи во заложништво девствени мисли во своите дипли
Испакнува бременост од носталгија
И упорно ја испитува мојата муза
Додека јас чекам да си ги дофатам сеќавањата
Да ги прегрнам шепотите на природата
И пријателството што цвета во далечината
Ѕидовиве остануваат неми ѓакони
Одбиваат да го признаат моето бегство
Моите тешкотии во чудната ноќ
Одеднаш, се слушам внатре
Можеш ли да бидеш маж?
И да бидеш самиот ти.