На една точка на светот, така незамислива
Да има килими во дречливи бои
Послани на секое скалило од скалите,
Да има прекрасни кристални канделабри
Обесени на таванот
Одливната светлина да паѓа право на подот,
Духовите на заминатите пред години и години
Да зјапаат од секој ѕид и од секое ќоше
И се изложуваат така достојни на прв поглед

Јас дојдов денес по некоја среќна случајност
Додека се држам за кваката на вратата
Се чини дека светот си го слуша својот здив
Колку огромна досада скита во моето тело
Бледата светлина е толку мала што е неспособна да проговори,
Ја вденувам иглата на моите мисли
Човечка фигура со директен поглед
Неговото чело со години е милувано од сонцето
Како апстрактниот простор да гори во очите
И снегот паѓа во есен
Ме набљудува неподвижен
Иако немам чувство за страв и грижа
Таа изгледа како да плаче и тажи
Се претвора во гордост со глава крената нагоре
Бидејќи моето срце продолжува да чука, ако ти го слушаш тоа
Посакувам да допрам, да почувствувам и да вкусам
Но моите прсти не мрдаат
Само крвта тече во моите вени
Шепни ми да ги држам рацете
Јас сум тој кој живее во тага
Којшто стои колебливо, неспособен да се движи тука и таму
Ако струната на Шанз се откине
Како цицалче среќно во неговото икање
И што да се прави? Чекајте, затворете ги очите
И да се обидеме да влеземе во неговото тело!

Каква е таа радост да се биде ПОЕТ?