Дадовме многу ветувања. Се сомневам дека чувавме многу тајни.
Не можам да речам дека гледам албино жирафа како стои далеку во аголот на
Снежното поле иако чувствувањето на нејзиното присуство ми дава сигурност.
Ги викаа измамени дрвја, тие самите веруваат дека се луѓе,
Стојат наоколу, небаре чекаат ред. Извинете ако им кажам на дрвјата по-
Инаку. Подобро е за нив да се чувствуваат добро со нивните натапирани смелости и Леопардски околувратници. Знаеш, дрвјата се движат. Цели шуми редовно се Преместуваат во други региони. Ова долго време било вообичаена пракса.
Малку ме боли душата во синкавиот самрак. Меѓутоа, наскоро ќе подигнам
Знаме на надеж ѓшто ќеја охрабри и најтемната вечер без оган.
Момчињата издлабија дрвени бродчиња, девојчињата си ги истресоа здолништата.
Не уште една ложа во оган, ох не, забрзај го кофа-системот, знаеш дека
Секој сака добро потопување. Секој освен огнот, а огнот
Вети дека ќе те сака засекогаш.