Градот рее во воздух од сништа –
сиот бел, проѕирен;

во него гола жена танцува по
голи соби. Нејзиното одење не

се слуша. Со примижени очи, таа во мене
гледа. Престрашена.

Наскоро ќе се престори во Смрт. –
фетален гроб, од кој секоја негова

Тајна се согласува на сè живо:
градот дише со платаните и водопадот.

Во каминот тлее оган:
се белее жената во темнината, сама,

со коси полни слана. Сега
знам што е тоа страв и што е

тоа што ме кине; погребан,
овде, меѓу четири, голи yидови.