Ги обоив мрачните души со бои на надежта
Што бдее над мртвите без гробови
Во млитавоста на вечерта.
И сега, во далечината ја слушам
Песната на обновата
Повикот меѓу врисоците на мајките
И шумолењето на заборавените извори.
Од реките, морето и потоците
Ми доаѓа баењето на брановите
Кои ги собираат и испуштаат
Сите води од дождот и од земјата
За да ги зачуваат во животот
Времето, просторот и бескрајот