Во последно време сонцето заоѓа прерано.
Една госпоѓа вози двокатен автобус,
врзана со завои како корсет по целото тело.
Бркајќи се себеси,
возеше со вратоломна брзина по нерамниот пат.
Ја помина ли веќе последната постојка?
Одеднаш возилото изгуби контрола,
излета од патот, се преврти и се струполи.
Но таа избега од возачкото седиште.
Држејќи се со распараните завои,
врескајќи без глас,
виде еден зрак од слаб бел чад
од еден оџак во далечината.
Капки дожд во шумата
каде што лежи.
Нејзиното тело без завои полека отекува,
накиснато од дождот низ шумата.
Спокојно го слуша
звукот на дождот.
Превод: Никола Ѓелинчески