Некои луѓе се злокобно убави
како гласот на Марлон Брандо
како аристократските душевни болници,
како ноќна букова шума,
на средновековната тврдина мачилишта
како бескрајните салони
на отровните казина.
Оној ден кога ќе одлучат
тие ги дерат за Бога своите усни
и заминуваат во темницата
со пленот.
Кога ќе се изедат
се свиваат како мачки
во својата топлина
на згасната свеќа.
Нивните имиња се
вознемирувачки убави
како вечерните ѕвона во Милано
на последниот ден од светот:
Руслана, Нафиса, Хејли,
Даул, Сибил, Белмонте, Мију,
Емброс, Вивека, Џиа,
Џенифер, Чејени.
Превод: Никола Кукунеш