Тесни и неспоени улици
изгребани по земјата со остар меч.
Траги од крв, бегајќи од животот.
Мувла, течејќи по сеќавањата на старата татковина,
влегува по ѕидовите.
Скапување, скриено од Бога
И синот подготвен за жртвување.
На местото на старите принцови во темнината
Мачките седат со долгите опашки.
Сенките на фонтаните,
Запчести ками,
Челик што истекува внатре.
И еден дијалект кој останал од еден народ,
Темјан,
Скали.
Секоја врата чека по еден врат што ќе ѝ се наведнува.
Превод: Ајлин Емин Скоро