Двајцата кои се пробудија
во перницата на историјата
нека бидат јагленосаниот сон на ѕвездите
оние чиј сон
е мојот оган
ми се небесна вода
повисоко се од облаците
кога истураат врз мене
чад„.
пријатели мои …
им зборувам за
пладневната жештина
во третиот милениум

Превод: Горјан Костовски