I.

Ви давам вистина, вели филмаџијата
При четириесет и четири кадри во секунда

Човекот на тротоарот го игнорира
Тој не ја бара вистината – бара вечност

Неговиот нежен папагал чекори преку линиите
Геометриските шари и броеви

Со ненадеен блесок, ја наоѓа иднината
И му ја предава на филмаџијата

Лицето му станува темно…