Мистерија што пулсира,
миг на љубов,
осамен,
сè уште бега,
мислата сè уште пробува да го победи времето…
Еден миг, иако долга
исконска ноќ на љубов пролета.

Мојата темна коса
во дива преобразена круна
и овој пат, зората е уморна,
чекајќи ја мојата празнина
прикована за слободата.

Сива сенка,
проживеани приказни
во жолтеникавите страници
на изминатата судбина.