Универзумот расте, бар така сум чула,
и нови ѕвезди се создаваат.
И се надеваме да имаме живот,
еден извонреден случај.
Некој ни вети дека ќе има утре
па не брзаме да љубиме.
Исполирани, речити и брзи
можеме да ги идентификуваме
поставените прашања однапред,
и да имаме спремен одговор.
Одговараме ко
да си муабетиме в автобус.
Велиме добро на лошото и лошо на доброто
сееме темнина.
Се збираме пред телевизор,
цели животи ни одминуваат во исчекувања
смирени со слаб чај,
и едно те исто:
Руски патнички авион
за малку ќе се срушел поради човечка грешка,
некој одгризал уво на полицаец,
едно-метарски крокодил затворен
близу некој Кибуц
децата киднапирани од мајка им
ќе бидат вратени во Шведска,
дете покането да гледа магија
било силувано, и патот четири бил затворен за сообраќај.
И илјадници други нешта не сме.
И на крајот ќе ни се даде заплет
не оној за кој сме сонувале,
ами тивкиот,
оној со боја на циклама.

Превод: Горјан Костоски