Ги подигна дебелите рамења широки колку усна Го затвори небесниот пар компасите
Во тројството на златните коловенски симболи
Со бранови го врза Белиот брод за Смедеревската кула
За скалилата каде градот опстојува оптоварен од тежината на времето
Белата коска си го гледа одразот во твојата сина овална чинија
Оптоварена од темнина што истура во осветленост
Изгледајќи како нереален светилник на случајните патници
Метална паричка Лепенска фигура налик на риба виси во воздух
Матицата од златното саќе Мрзелива во длабочината на светлината
Достоинствено во исполнетост се шириш во Градиште
Им зборуваш на заборавени гробови Го шепотиш името на еден народ
Писмен народ Го кинеш бело-зелениот ѓердан со
Шарени написи Сонувач цртач го допира твојот удавен
Корен на јазикот – основа на купче што живее на вода долговрати чунови
И рибари во густата магла што стежнува како сина
Камена табла Пигоза имагинативните слики – клетки на Зеја
Мед-Ум-Восок поврзуваат линии во бескраен син поглед на светот
Во центарот отворена школка Анабела Матица Жена
Која го сади и жнее плодниот прав – руни напишани од раката
На создавачот Живи украси го носат пред-писмото во својот здив
Солата заситена од меморијата Живата загатка на Винча