Од мојот балкон на небото ја гледам земјата:
моите се таму, разговараат седнати во градината;
јадат, пијат, се смеат, со сето задоволство на живеењето,
среќни што без сопирачка ги споделуваат крвните врски.

Се наведнувам малку повеќе и ги слушам нивните зборови
преполни со здрави шеги и радосни планови.
Насобрани околу онаа маса што беше моја,
ме тераат да зажалам што не сум веќе со нив.

Каде е смртта? Овде, на овој балкон? А, не!
Спасен од пеколот и од црното чистилиште,
заветен на вечноста, оддалечен од моите коски, можам
Од ништожноста да го гледам краткотрајниот но вистински живот.