Полноќта е тука, треската се качува до четириесет.
Челото на детето е сведок за поразот на телото…
Плаче во аголот на универзумот, каде досегнува светлина
само од згаснатите ѕвезди.
Во еден од твоите први животи ти беше агронаут,
Пловеше кон зрачењето на Овенот што се распаѓа.
Да го допреш руното, да се наполниш со енергија што трае
Цели животи таму долу во подземјето…
Во еден од твоите последни животи ти беше астронаут,
го гледаше Бога в очи што се налик црни дупки.
Испружен сред Европа која не пушташе
да се приближиш до Афричкиот брег.
Пристигна утрото, сонцето ја чешла косата на детето.
Меркур се плаши да се крене, се крие во аголот.
………………………………
Ти зрачиш и брзо забораваш
дека се истрошуваш себеси дур
го движиш
својот малечок универзум.