О, Боже
Каков напор,
а без никаква искра на љубов
во оково тешко
заrледано кон бесконечноста.
Има толку сомнеж
Во молскавичноста на еден поглед
Којшто успева да ги види
Дури и работите речиси невидливи.
Си даваме
нови имиња
Можно е.
И ги имитираме
Невините гестови
На децата.
А кога ли ќе се вратиме
Во реалноста
Да го набљудуваме неподвижното
И празното око
Во огледалото
Каде што двојната темшtна
Предавничка
Испушта во ладот
Зборови?
Се губиме помеѓу гестовите
И се тетеравиме на секој чекор
Океан од експлозии
Демне помеtу устата
И зборовите
Но и помеѓу
Шепотот
Ибакнежот.
Нека сеќавањата бидат молњи
Дури пишувањето
Личи на мочуриште
Каде слоновите можат да се избањаат.
Превод: Надица Николоска