Се смееме како да сме во конзерви и се отвораме
конзервирани во победа,
како срна затечена пред метална цевка.
Во позадината на светлината стои слеп човек
без зборови како да е споен со гранките.
Сега никој повеќе нема во близина на златниот рид
со златен прав е испрскано тешкото дете во рацете –
и во големата камбанарија од вечерни ѕвона
некој тропка со страв пред таа голема бакарна мајка
на која некој водеше љубов.
Препев: Дарко Спасов