Некакво сонце, си мислиш: – Гледајте ги
тие палјача под морфиум, пијачите на магарешко млеко
и на кафе; без здив, залудно, им го галам
грбот на моите огнови, нив ќе ги снема!
Еј, ти, ти останаа само мразни зраци!
Точно е, Земјата е само бескраен панаѓур.
Нашите извици од радост ги повиваат житата.
Ти штракаш со забите, зашто купот обврски
те нагризуваат, о , Сонце, како и пороците
огромен златен цитрон, и наскоро, русокос подбивко
После толку зајдисонца во пурпур и слава,
ќе бидеш на подбив на ѕвездите без срце,
жолта ѕвезда, паѓа град, разлеана пена!