дури се крстам
со чевел
врз череп
или врз нечиј грб
обој го
со домашна боја.
со мирис на темноцрвена киселина,
кога ќе те измијат
или ќе ти се заканат со музика.
Ах, будалеста вошко,
не челичи се со оклопи.
Дај да ги исцртам тие крв црвени
линии, да објаснам
подробно како
именката полиција
звучи на еден мртов јазик.
Превод: Горјан Костовски