Сé што се создало мора еднаш
да се раздвои
карпата пука
прави
процеп
дланка од дланка се дели
мостот попушта
при
првиот звук на бродска сирена
и покрај сите ветувања
— сé што едно на друго
припаѓа
крадливо се двои, инаку животот би бил весел
Превод: Ана Топенчарова Коваческа