Би рекол nos possumis видувајќи и јас
како тргнуваат кон опасниот мрак овие зборови
стркалани под лебдечката патека на ноќта

многу

потешко ми паѓа мене
да им ја сфатам
сигурноста со која како да напредуваат

при повлекувањето

та како да ме озборуваат мртвите
впивајќи ја во ноздрите
својата долга линија кокаин
се движат како белузлавите ларви
реско раздвижени во пештерските езера
не знаат за светлина

живеат во длабочина

без да бидат привлечени од фарот на скафандерот
во совршена симбиоза со неоткровението …
поезијата анаеробична ли е?

Превод од романски јазик Димо Димчев