за птиците да одлетаат и побегнат
од попустлив измерен простор
мора голем хаос да се создаде
за кршливата реалност да се раскине
за секој предмет да си го поврати здивот

птици преселници итаат од секоја рамка
кон југ каде срцето ти пребива
разменуваат збор-два со умот
птичји крила ти трепетат во вените
но една слика свети спокоен мир

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

——————————————————————————————————————
* Жорж Брак (13 мај 1882 – Париз, 4 септември 1963), француски сликар, еден од основачите и главен претставник на кубизмот. (Заб. на прев.)