дај ми маж
на кого ќе можам да му стојам на стапалата додека танцуваме

еден маж заштитнички надвиснат

обдарен со големи гради за на моите деца утре
кога ќе се на плажа да им ги напумпа
душеците-крокодили

скоцкан маж. Секогаш волен
да е покрај мене на семејните прослави

и за кога таа ќе прашува дали ме воспитала погрешно
дај ми маж
за мајка ми

 
Превод од холански јазик Зоран Радически