Кога веќе Кафка го отворил патот,
секој нека си ја изврши својата преобразба.
Нека одберат што да се како што им е арно:
Јас одбирам да сум книга,
книга 182 сантиметри висока,
толку висока и пулсирачка како дрво,
со копнеж за показалец на моите гради,
или за ветер да ми ги развиори лисјата,
а јас да лежам в поле,
или да ги чујам луѓето да извикаат:
Боже господе, видете каква книга,
онаа што чекори онаму.
Скрснозе да си прочитам на крајот од страницата
стих од Молина, да се загледам во себеси в огледало
и да прочитам стих од Сабинес,
и на крајот од денот некоја жена да се испружи
врз моите отворени страници и да ги прочита
најдревните љубовни лекции.

Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески