Загадочни ветрови
се извиваат во делчиња ветрец
дупчејќи низ смртта на зимата
прегрнувајќи го холограмот да вдишат песок.

Речни корита,
додека се вивнуваат
на сечила од развигори
а четинари незадоволно пиштат од север,
целта на животот очајно трепери
небаре патоказ од светилници
со шепи на носачот Грифин
продолжува во сенките,
импровизира посмртни предупреди
кои никнуваат како роботски глави на ноќните стражари.

Записи од експедиција
се распаѓаат под стари пиратски бродови
(талкаат во номадска прегладнетост пред алчноста)
паѓаат и се постилаат
врз перничето на вода без корења
водени од загадочни ветрови
кон откриени краеви на некажани сказни.