Лежам гола во спомениве.
И далечината си има свое задоволство.
Ти си таму. Други жени минуваат
низ твојот праг, кревет, раце.
Јас сум преку морето. Морето е невина лага.
Пена што ја пенам.
Морето е бајка, измама, залажување,
мрмолење.
И така зад твојот грб, стиснати во моиве спомени
нè делат куќи
полиња
патишта.
Препев: Горјан Костовски