Објасни ми ја љубовта!
Нежно,
Нежно,
не погласно од крилјата на пеперутката.

Не зборувај со мене за тажењето на Орфеј!
Можеби за светлото што одблеснува низ водата.

Дозволи Лир да оплакува!
Зборувај со мене за конецот што минува низ прстите
Навечер повторно замотувајќи се во клопче.

Не сакам да ги повторуваш ласкањата на Сирано!
Што се тие споредени со тоа Ох- во таа тивка мала собичка
каде зуи чекрекот за предење.

Објасни ми ја љубовта,
Што дозволува две дрвја да растат,
Во чие шумолење несигурноста
тивко избледува.