Сите веќе отидоа до планетата, чекаа,
чекаа да видат, многу стрпливо чекаа,
дури и маrарињата и камилите се необично мирни,
во тишината ни птица не цвркоти,
ниту деца на рамена татковски,
тишина неподнослива како пред
нешто големо и страшно,
а јас се ушrе сакав
да rи обесам алиштата на сушење,
да одвојам малку време за да се освежам,
и ro зrреав бебешкото млеко за да не rш1дува,
да не заплаче, не дај Боже, во погрешен момент
ушrе колку дури се се сврши. Чекам
алиштата да се исушат и бебето, исто.
Никој не знаеше
и видов едно лесно ветре,
како здив на заспан човек,
што помина низ испраното, дуејќи
гo стомакот на мојата ношница,
и чаршафот за Сабат
стана бело едро среде пустинаа,
изаминавме оттаму врз синото
далеку до едно место
каде отворавме калинки и сокот им гo пиевме,
до едно место каде љубовта е
експлицитно именувана.
Пpeвод: Горјан Костовски