Од ѕвездите и од дебелиот светилник се рони
мраз. Има остар вкус по прашината на творецот.
Во дрвената колиба
седи старата тишина во кожув и пуши.
Човек, метеоролог, лепи кибритчиња и на секое му погледнува
в очи.
На масата на Вјачеслав расфрлени се дребулии,
Атлас на облаци,
компас и пожолтен напис за Гагарин.
Вјачеслав,
Вјачеслав Коротки
ја прати брзината на ветерот
седејќи во чунот
кој го направил со сопствени раце
преполн со жолчки
од сонцето кое никогаш не се развило над Арктикот.
Во мугрите ги шири своите кобалтно сини очи
кои го мерат студот како
сила на ноќта. Ги лиже ножевите
како далечните веѓи на својата жена.
Тој е север кој
поверувал дека е човек.
Превод: Никола Кукунеш