Кога доаѓа тагата, нема
јазик

за неа. Тагата
е црнило, отсуство, копнеж – многу имиња

може да се користат, а ниедно од нив
не е еднакво на тага. Кога си тажен

не сакаш да станеш
наутро, не можеш нога да подигнеш

од тротоарот, не можеш да избегаш
од истиот бодеж во срцето што го почувствува

вчера, завчера, пред два дена,
секогаш кога минуваш

низ одредени делови од градот, одреден
начин на мислење, одредени имиња

за она што навистина го загуби: телото, смеата, леснината –
пар очи што ги пресретнуваат твоите. Дали тие очи

имаат име? Дали се викаат Оскар? Дали се викаат
Катинка? Фактот дека О или К ги нема

е неразбирливо, неразбирливо, неразбирливо
-има ли име за тоа? Фактот

дека К или О никогаш нема да спуштат успокојувачка рака
на твоето чело, носи болка

неопислива со зборови – има ли име за тоа? Фактот
дека ниедна птица

не пее. Црнило
наречено тага. Ретко трае повеќе од седум години.