Секое дете излезе, кеса полна со овошје в раце,
ецното плод на земјата, другото плод на човека,
и тој благословуваше. Сончевите зраци
и месечината и Земјините минерали
минаа низ детето,
и Сулrанина суво грозје проѕирно
ко цитрусов мед, и ореви, избраздени
во човечка загатка, и бадеми завиткани
како тајна лушпа, и сува смоква чии семки
се појавуваат ко златни парички – слатко богатство –
се најдоа во една дланка стегната во детска тупаница –
тектонски колапс се случи во мене
празни простори и пештери
формирани сталактити и сталагмити
за средба на горе и долу
толку чудесни незамисливи бои, се колнам,
се рушеа со голема бучава,
како витези низ вревата на оклопите
и пештерскиот свод кој се сруши со нив.
И кога вратата се затвори и чекорот сетен стивна,
стравови повратив
во ецно бебешко, бело, порцеланско корице.
Преваg: Горјан КосШовски