Не те болеше? Внимаваш воопшто?
Не внимавав. Гледав rрбечки од каучот како
се пробива светлината низ обоените тркалца:
како в црква, жолто, сино, црвено кристално
стакло: во стан никогаш не сум го видела тоа.
Требаше да се брза, во пет дојде мајка ми.
По долна облека истрча кон мене,
клекнав во кадата, таа стоеше до славината.
И според мене прва класа. Во утрините е најубава.
Шеснаесет имав лета, минаа ynrre толку,
до мене стоеше во црвениот трамвај:
… кристалното стакло, знаеш, меtу
трпезаријата и дневната, нели го зачувавте?
… не, не го зачувавме. Татко ми го направи,
разнобојни досиеја меѓу двата прозора,
од претпријатието ги донесе дома …
… сега јас ќе слезам, ќе продолжам со метро.
Зашто секогаш чудата го губат својот сјај.
Коледе. Штрк. А сега ова.
Препев oд унгарски: Паскал Тилевски