Се плашам дека
Твоите очи ќе ѝ предизвикаат болка на оваа љубов
Ќе ги намести слоговите еден наспроти друг
Дури се обидуваат да допрат до тебе
Ќе ги изгубам улиците кои водат до мене
А моите новобликнати извори ќе ми останат в раце

Секое твое доѓање е неизлечиво дете
Постудено ти е од болката
Ако мораш пак да заминеш
Перницата ми е облачна во сите годишни времиња

Знам
Отсега натаму морам да сакам цветови по значење спротивни на тебе
Морам да го видам судот на твоите дезертерски погледи
Морам да ја преместам тишината на твоите очи од нејзината татковина
И морам да се одречам од честа на разделбата
На која ѝ одговара бојата на горчината на новоизбледената љубов
И морам да завеам до чиста осаменост.