Инсекти на месото, незабележано
занесено око со доШ’И треrши.
На другото, окрвавено око,
нема да му избегаат ситните ковчиња
дури и да се побрзи од иглите
со кои се плете норвешки џемпер.
Прегризана е артеријата на вратот
и замолчена засекогаш.
Кожата, тенка како хартија, е нежна на допир.
Душата, пак, потемна од индиго хартија,
го препишува своето ниско потекло,
предодредена да биде искината како неиспратено писмо.
Препев: Славица Гаџова