Незнам дали да сокријам или откријам
Се што е наведено
Дали да кажам или да сокријам
Или да прашам ји јинг
Или една од студентките на Јунг
Иако
Додека несигурноста во постапката носи несигурност во крајниот ресултат
Одлучувам
Дека теглата ќе биде на таванот на шумарот
Зад три големи дрвени буриња
Сеуште мирисајќи на вино и сулфур
Близу до неговите златни и сребрени медали
Кои се млади и тенки над душекот од коњски влакна
Извлекувајќи ја сета убавина од неговите рани забуни
За ѕвезденото небо над него и за моралните закони во него
Кои ги собираше со полни раце
Таму во мирисот на земјата и неговите тајни обиди
Да направи вино од грозје кое само по себе е само резултат на алхемија
Сигурна сум
Дека она што било инвестирано ќе хармонизира на најдобриот можен начин
Црпејќи ја неговата сила од сеќавањата на шумарот и од грозјето
Кое го памети
Кружниот пат од вечност до вечност
Па одлучувам
Да сокријам
Тоа е најдобриот начин.

2.
Неможам да најдам
А мора да биде познат во мојата втора фуснота
Сад во кој ќе го збијам
Првиот збор од мојата прва песна
Првиот бакнеж
Димот од мојата прва цигара на вториот спрат од универзитетот
Катедрата за историја на уметност
Џин-филтер
Мојата надеж поврзана со тишината
По првиот погрешен чекор
На улицата која оттогаш ја избегнувам
Самрак во градот во чија црква го најдов моето име и презиме со
Зборот на Лазар Трифуновиќ
Потопен во сината боја
На неговите очи
Мирна област над езерото Блед кое најверојатно не е
Во Словенија
Три снегулки од денешниот снег
Кои објавија дека кучето Бранкица
Избегало од куќата на сликарот Палиќ
Мојата сина панделка што мојата бабичка ми ја врзува
Додека јас трчам низ димната завеса на времето
И влегувам во складиштето поради невремето
Мислата дека целосноста на светот треба да биде зачувана
Во мигот кога е папка во делчиња
Мирисот на косата на жената на шумарот тоа утро
Кога на перницата остана само сенка од големо огледало
И погледот на мразот на езерото Палиќ
Од каде што духовите на времето излегуваат
Опремени со лизгалки и вечерта доаѓа и покрај се
Додека звукот на мразот кој се крши се слуша во средината и сите
Ах сите
Не исчезнуваат.