Ова утро изнајми го ова море
во сината боја да се сеќаваме еден на друг,
Ова пладне изнајми го сонцето
за да не се оладиме еден од друг,
Изнајми ја пладневната мрзеливост
можеби ќе ме има во твојата сенка,
Оваа вечер изнајми ја градината
за да ни цветаат рози, темјанушки, јасмини во нашите раце,
Оваа ноќ изнајми ми го сонот
за да можам да ги нагостам само твоите очи во моите сништа,
Оваа пролет изнајми го твоето нескротено тело
бидејќи моите зборови останаа во прашината на книгата,
Изнајми го часот по географија, ајде,
да излеземе на мал одмор заедно со земјата, со сонцето,
овој мал одмор изнајми едно патување без да престанеме
да пешачиме по патот на пријателството,
Овој пат изнајми и една едрилица
да одиме таму каде што ветерот ќе не однесе,
Ова лето изнајми го овој сокак
отвори ги вратите, остави ја самотијата во одаите
Немој да ја изнајмиш оваа песна , инаку ќе бидам поет!
Превод: Ајлин Скоро