Ти си мојот шепот, те бакнувам од гласот,
се поклонувам на твојот молк но, каде си
кога ќе се затвори портата на буквите:
Мојата песна е твоето име!
Те бакнувам ете, како слоговите,
почнувајќи од првите два слога,
те бакнувам меtу буквите кои
летаат во природата:
Твоите усни се мојот рај !
Твојот јазик е се ушге испотен од водата од детството
и би сакал да те бакнувам во немирната вода,
чешма во која буквите се суви:
Твојот јазик е мојот пекол!
Превод: Ајлин Скоро