Натерај го едрото да едри
дури си сред операција
Добредојди ги сите
во твоето највишно синило.
Покриј една китка со пигменти
расчисти ја тревата
оти не сакаш да се будиш
со брмчењето на пропелерот.
Танцувај на единечни нозе
или врз деликатна вага.
И расчисти ги лисјата
рано-рано пред да се наводенат.
Превод: Горјан Костовски