колачот со ф’стаци во еден залак го снема.
слепиот пејач фризурата ја смени,
се избричи, облече нова кошула.
звукот не е нешто што го прифаќаме.
тој се забива на сите страни на светот
и ја растура ориентацијата.
горе е долу, долу е запад,
исток е дополнително и така
четириесет илјади километри.
таксиметарот не работи на самракот
додека е застој на мостот меѓу континентите.
која страна е помрачна?
секогаш онаа во која доаѓаш.
малку месеци има на листата на јадења,
а веќе се огласува фајрон:
трубачите подрипнуваат,
тапанарите ги изнесуваат весниците и сладоледот.
доцна е за шопинг и пауза.
ќе си ги собереш своите вреќи и ќе излезеш:
жешко е, студено е
меѓу нозете.

Превод: Славе Ѓорго Димоски