Во неверојатното трагаме
да се приближиме до извесното,
во катастрофалната потрага по невозможното.
Грешиме.
Да ја побараме во песокот
вистината што се крие,
сигурни дека зад надворешната појава
ќе го пронајдеме
она што светлината
— случајната мрежа —
ќе ни издвои и резервира за нас.
Превод: Марија Петровска