Згодниот, убаво облечен маж извлече од мултинационалната врата
Рака во која ја држи новата кожна чанта, а во другата мобилен на левото уво
Со брзање, ја преминува големата авенија полна препотентни коли…
Што им се случило?
Обично не се такви!
Си го фрла напнатото тело на вообичаениот стол во блиското кафе однапред
Си ги става докторските очила
Пред да си го земе омилениот весник од чантата

Одеднаш, еве го тивкиот, радосен келнер како му го става омилениот пијалок на маса
Овој пат мобилниот не му го остави на раат десното уво
Со остар поглед на брзина го голташе весникот
Кризи… катастрофи…војни… конфликти…
Овој свет е толку глупав
Може треба да му се шприцне интелигенција за да стане нормален…
И додека мумла, левата рака му фрла по некој денар на масата..

А таа отвара врата
Како и секогаш почна со нежен бакнеж
Како си го мина утрово миличок?
Како и секогаш… обврски… и бескрајни тешкотии..
Што ни спреми за ручек?
Омиленото твое миличок
Салата..пилешко…грав…сок од грозје
Во ред… а, каде е послугата…?
Ја заболе стомакот па ја пуштив дури не и’ помине
И згодниот, убаво облечен маж, си ги соблече алиштата и ги фрли кај му дојде
Додека ги стави чантата и мобилниот на троседот
Таа енергично се сврте накај кујната
За некоја минутка ручекот е готов…додека се истушираш а момчето си дојде од школо
Не мина многу а мобилниот ѕвони
Додека згодниот, добро облечен маж се тушира мумлајќи ја мелодијата ко навиен
Здраво! Сигурно ти си глупавата слугинка
Да… Ви треба нешто госпоѓо?
Да скратиме, кажи му дека нашето рандеву ке остане за утре
Добро, ќе му пренесам…

Додека ја мумла мелодијата ко навиен
Таа си ја зеде омилената наметка
Пред убаво да се нашминка и да ја тресне бесно вратата што ништо не и згешила..
Не мина долго кога згодниот, убаво облечен маж излезе од бањата со уста полна траги од мелодијата
Мила… се надевам дека не доцнам
Мирисот на загорено му го напаѓа изделканиот
Нос и дури ги истражува ќошињата од неговиот малечок свет
Веднаш до чантата и мобилниот забележува порака со задебелени букви
Здраво миличок
Само глупавата е што оди да си го сретне љубовникот
Може да доцни и затоа не грижи се…
Може на куќата треба да ѝ се шприцне интелигенција за да стане нормална..