Мајка рече да ги поканам сите
во класот, дури и дебелото момче
и момчето со пеги
и она со смрдливите нозе
сите беа поканети на роденденската забава

Колачињата и шолјите со какао на мајка ми
беа за сите.
Дури и скитниците добија леб и кафе,
нечешлани и со кафеави
заби, кога дојдоа да ни ги наострат ножевите
и добија по некоја пара за работата.
Сите беа добредојдени на трпезата на Мајка.

Влезете овде е топло, велеше таа, овде има
место за сите, и доволно јадење
и пиење за сите

Дојдете, сите, рече Исус
исто така. Сите овде, на мојава трпеза.
Тој не рече: Само
католиците, или: само
лутеранците.

Мајка не рече: Само најдобрите
во класот, или оние
од добрите фамилии се добредојдени
на роденденската забава, или:
Заклучете ги вратите кога ќе дојдат валканите скитници
– Можеби им треба храна и пијалак
велеше.