Страшен крик
изусти Кавафис.

Ни Аушвиц
ни летот на космонаутите
не ја задавија поезијата.

Спасена со крик
таа бесцелно постои.
Како гуска до ѕидините римски
гуга во новиот век:

Идат варварите!
Доаѓаат барбарите!
Одозгора, одоздола
отстрана, однатре

Јуриш на трошната порта!