Тука каде што некогаш спиеше,
всушност, се
толкуваше сегашноста.
Доведено на трагите
до минатите и идните димензии,
на времето и просторот.
Ако требаше, тогаш, да те
освојам денес,
не би знаел како …
Би згрешил почеmички,
Се плашам исто како тебе.
Спомни си,
На Климтовите слики насекаде е Емили Флеџ,
а тој никогаш никому не го признал тоа.
Жената како инспирација,
од Бога е секогаш допуштена.
За ентропијата неопходна.
Во чистота избањата. Чека.
Над се друго.
Над се човечко.
Жената е секогаш тука да
го унапреди постигнатото.
Реков, не очекувај многу …
Можеби само песна, ете,
и со имагинација,
да ти чепнам во срцето.
Не знам и не сакам многу да кажам.
Мажите зборуваат како риби.
Мене песната ме пишува,
ТИ СТИХОТ ГО ВОДИШ.
Јас друго, немам.
Превод: Никола Кукунеш