Херцел вели
рацете горе
Херцел вели
рацете на глава
Херцел вели
број до три
Херцел вели
оближи си ги усните
Херцел вели
клекни на колена
Херцел вели вдиши го мирисот
на мажот кој е добар
за твоето здравје
Херцел вели кон мене дојди
да се соблечеме
Херцел вели, лично те замислував
како ги шириш нозете
и се превртуваш.
Херцел, велам
се отворам широко се ширам
гледам во Едемскава градина
која ти не ја спозна
оти вистината е само моја
кога самата јас
држам јаболко в уста.

Превод: Горјан Костоски