И како дрвото кое, кога ќе зазими, не го издржува
Ударот мразен и ќе го изгуби животниот сок,
Па голо, напролет, бива пресечено
И протерано од шумата, за навек, за огрев,
Така и душата грешна, се подалеку од живиот Бог’
Од калта, се созема за миг, па во денот последен
Бива фрлена во оган неуrаслив.
Зашто, се, одново, се paѓa! И дрвото оrолено,
Празно и душата грешна, испустена.
И ветерот што rи виори врвовите на дрвјата!
И лисјето што плаче, сега пеејќи,
И се спушта, исушено, над вечната
Починка на праведникот. Зашrо, на земјата,
Душо моја, о, душо на душата моја, како лисјето
На дрвјата, се менуваат синовите човекови!
И тој лист невин, што шумоли, безгрижно
И игра на развигорецот, сега се суши
И гние, но одново се раѓа, сега сончев,
Кога ќе зазеленее книгата на природата и ќе се накити
Со плодовите и со цвеќето ќе се облече во пролет,
Зашто, што е животот наш земски, ако не животот
На листот на дрво! Зашто, што е солзата наша,
Ако не солзата на нашиот Избавител! Зашто, што е
Светлоста наша, ако не светлоста на цветовите
Диви, што на слобода, оросени, во секоја капка
Спуштаат зраци налик на сончевиот зрак.
А кога во солзи и прав, додека го гледав срцето
Свое, далеку од надеж секаква, се сетив на Оној
Што со блага мисла, од изворот студен, како патник
намерник, ме водеше кон Писмото
Непроодно, па исправен, застанувајќи на нозете
Свои, стигнав на местото на шаторот дамнешен, реков –
Што ми е гајле за човекот и патеките
На земските лаги! На Бога се потпирам!
Зашто, како што, на ливадата пространа,
Стигнува звук од секоја тревка, светла и чиста,
И како што сонцето се огледува во капката роса,
Така и праведникот седнува на светата трпеза
Сам, во себе, спомнувајќи го името Негово.
Превод: Никола Кукунеш