Три часот е наутро
од ден во кој нема да влезеш уште многу часови.
Каде што си
Вчерашна сончева светлина сè уште ти ги мие стапалата како што чекориш
а вечерва слушајќи го твојот глас
се загрижив дека еден ден
Ќе ги изгубам сликите на сите оние што ги сакам.
Надвор градот с¡ уште е немирен:
Такси возилата се спремни и сјајни како златни птици
чекајќи ги трошките од зората.
Педесети и пет годишен а толку малку знам за животот.
Во кафулињата низ овој град
вљубените сè уште се држат за раце
а филџаните балансираат на рабовите од масите.
Теминината паѓа околу мене како мек снег.
Покрај тесниот кревет
мојата ноќна светилка гледа директно во мене.
Ќе го чувам твојот глас во себе колку што можам подолго.
Кога спијам ти ќе продолжиш да чекориш
Низ постојана експлозија од бели цвеќиња.