Сакам да се радУВам кога во мугрите ќе замука белото камилче, брбливко.
Сакам да свеmам кога меtу облаците за мш ќе се појави сјајната месечина.
Сакам да блеснам кога детето е родено доцна во есенскиот црвеникав ветер.
Ми идат трпки кога слушам хармонични строфи од мајсторот Јавуухулан*.
Ме обзема возбуда кога слушам мелодични песни на ситар и виолина.
Сакам да се издигнам со сонцето во далечината на мојата сина бескрајна степа
Сакам да галопирам ко виорно знаме, со дренов камшик во раката.
Сакам да се искачам на врвот на планината, каде што скокаат дивите кози.
Сакам да користам сандалова флауrа, да отсвирам мелодични песни.
Сакам да можам да разликувам памучна ткаенина од брокаmо платно.
Сакам да светам, осветлувајќи ги ѕвездите во ноќното питомо небо.
Сакам да блеснам на самиот врв, искачувајќи се чекор по чекор.
Сакам да запеам на жиците на ситарот на светиот Јанжин Лхам**
Сакам бесконечно да блескам во кристалниот храм на поезијата.
2005
Превод: Литов Номдагжанчивин