О, Исусе, моето мајсторство и долгото време тоа ми го зема!
Дерек Волкот
I
Во сенката на приморската лозница воздухот е остар
од блажината и киселоста на овошен компот кој скапува
низ неговите всандалени нозе. Неговата кожа
сéуште Бостонски бледа и сочувана со Браманска
посветеност на борбената жена
која мириса рак во секој тропски ветар,
заробена е во сенки. Ги познавам тие дотраени очи,
нивниот мачешки сјај, полни пакост;
неговата горна усна исцртана со тенка линија
од мандарина, свиената нервоза
на тазе избричани мустаќи. Тој е стар
и негуван. Прифаќа пасирана храна
иако сéуште има заби – таа инсистира и го љуби
за да се искупи од вината
за тие блудни години во Нова Англија.
Остарен налик на пророк. Стар како лежана
генијалност. Горе, еден галеб го разгледува
островот, врзува јамки преку морето и небото-
израмнет хоризонт, дијагонала на која
се лула пејзажот, овој темен керпич од традиција
во кој семките се делат на нежни ливчиња.