За да си ангел
Мора да научиш да леташ
А да научиш да леташ
Мора да го истегнеш грбот
Да ти излезат плускавци на рацете
И плускавци на нозете
Треба работа за да се вивнеш во воздухот
А како што си се родил смртен
Нема да ти пораснат крила
Ама ќе научиш да склопиш очи
И без страв да рашириш раце
Да го споделиш просторот со облаците.